Пелистер промовираше три засилувања во еден ден

by riste
1 минути читање

Пелистер утрово соопшти дека се засилува со тројца фудбалери за новата сезона во која битолскиот тим настапува во Првата лига.

Во Пелистер пристигнаа Виктор Серафимовски од Силекс, Филип Тодоровоски од Воска Спорт и Дамјан Масевски од Охрид.

Серафимовски е фудбалер кој зад себе има искуство повеќе прволигашки клубови и пристигнува да го зацврсти средниот ред од тимот. Тодороски од друга страна важи за еден од најталентираните играчи за врска во Македонија, по потреба може да игра и по крилнитеп озиции. Масевски ќе ја засили конкуренцијата во нападот.

Во понеделник тројцата фудбалери ќе бидат официјално претставени и ќе се запознаат со новите соиграчи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани