140
Aргентинскиот голман Емилијано Мартинез денеска стави потпис на нов договор со екипата на Астон Вила.
Мартинез така ја продолжува соработката со тимот од Бирмингем кој во минатата сезона играше одлично и се избори за место во Лигата на шампионите наредната сезона.
Во овој момент Мартинез е еден од најдобрите голмани во светот и сигурно еден од најважните членови на репрезентацијата на Аргентина со која триумфираше на Светското првенство и Копа Америка.
Голот на Астон Вила Мартинез го чува од 2020 година, а новиот договор има важност до 2029 година.