405
Фудбалскиот клуб Милан во следната сезона ќе влезе со нов тренер, откако по крајот на сезоната ќе се раздели со Стефано Пиоли.
Искусниот стратег седна на клупата на „росонерите“ во октомври 2019 година, оттогаш Милан се врати на врвот и го освои скудетото, а потоа стигна и до полуфиналето на Лигата на шампионите. Сепак, оваа сезона играта беше проблематична и променлива, па тоа го натера клубот на промени.
Четири ипол години Пиоли го водеше Милан, стана шампионски тренер и сега тој со побогато портфолио ќе може да побара нов ангажман.