214
Италијанскиот стручњак Роберто Де Зерби е промовиран во нов тренер на Олимпик Марсеј.
Младиот стратег по авантурата во Брајтон ќе ја продолжи својата кариера во француската Лига 1. Веќе некое време беше познато дека Де Зерби ќе седне на клупата на клубот од „Велодром“, а сега е и официјално.
Во својата кариера Роберто Де Зерби две сезони го водеше Брајтон и го крена клупското ниво, а претходно беше тренер на Сасуоло и Шахтјор.