Не доби повик да игра за Италија на ЕП, па испрати порака до селекторот

by 24 фудбал
1 минути читање

Селекторот на Италија, Лучијано Спалети, објави список со триесет имиња за претстојното Европско првенство.

Ако имаше изненадувачки повик за еден играч на Јувентус (Николо Фаџоли), друг ас на „старата дама“ беше изоставен од списокот. Станува збор за Мануел Локатели, кој во претходниот квалификациски циклус во 2023 година неколку пати беше повикуван во националниот дрес, а беше дел и од мартовските пријателски натпревари. Поради тоа што остана без повик, Локатели на социјалните мрежи објави Инстаграм стори обоено во црно, со кое испрати порака без да напише ниту еден збор.

Оваа сезона Локатели одигра 40 натпревари за Јувентус и беше еден од најстандардните, меѓутоа тоа не беше доволно за Спалети да му упати повик. Во репрезентацијата има 28 настапи и три погодоци, а беше дел и од тимот кој го крена трофејот на минатото Европско првенство.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани