870
Килијан Мбапе поради повреда предвреме го заврши натпреварот на Реал Мадрид против Аталанта во Лигата на шампионите.
Мбапе во 10. минута му донесе водство на Реал Мадрид во Бергамо, имаше и уште неколку шанси за гол.
Но, на теренот се задржа само 36 минути кога излезе поради повреда, на негово место влезе Родриго.
Дополнителните прегледи ќе покажат за колку сериозна повреда станува збор и колку долго Мбапе ќе биде во аут.