Неверојатна завршница на првенството во Данска: Шампионот се менувааше од минута во минута

by Стефан
1 минути читање

Неверојатен крај сезонава имаше фудбалското првенство во Данска.

Нов шампион на Данска е екипата на Мидтијланд, а до титулата стигна во неверојатна завршница и бод кој го земаа како домаќини против најслабиот тим во плеј-офот, Силкеборг.

Пред последното коло на табелата, Брондби и Мидтијланд имаа по 62 бода со тоа што Брондби имаше предност во случај на ист број на бодови. Сепак, тоа не се случи, Брондби изгуби на свој терен од Архус со 2:3, тим кој немаше резултатски мотив.

Така му направија голема услуга на Мидтијланд кој на крајот ремизираше против Силкеборг, иако губеше со 0:2 во еден момент. Резултатот на крајот беше 3:3.

Во 17. минута Брондби поведе против Архус со голот на Лауритсен и во тие моменти беа шампиони се до 53. минута кога Мидтијалнд стигна од 0:2 до 3:2. Архус тогаш изедначи против Брондби, а потоа прими втор гол во 59. минута, па извесно беше дека Мидтијланд ќе биде шампион.

Брондби изедначи во 64. минута, потоа прими нов гол во 78. минута за 2:3. На вториот натпревар, Силкеборг во 82. минута дојде до изедначување и на Брондби одново му беше потребен само гол за титулата. Но, тој гол не го постигнаа, па Мидтијланд ја освои шампионската титула.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани