На пет дена до почетокот на ЕП, Полска остана со само еден здрав напаѓач!

by riste
1 минути читање

Репрезентацијата на Полска се соочува со големи проблеми пред почетокот на Европското првенство, се повредија дури тројца напаѓачи, остана само еден здрав.

Пред неколку дена се повреди Аркадиуш Милик, но тоа како само да беше вовед на проблемите кои следуваат.

На пријателскиот меч со Турција, Карол Свидерски даде гол во 12. минута, но напаѓачот на Верона при бурната прослава на погодокот, лошо доскокна и го повреди коленото. По што брзо беше заменет.

Не поминаа ни 15 минути, а на повреда се пожали и Роберт Левандовски и побара замена. Полските медиуми пренесуваат дека се работи за мускулна повреда.

Нејасно е колку се тешки повредите на Свидерски Левандовски и колку и дали тие ќе отсуствуваат. Но, во овој момент може да се каже дека здрав е само еден полски напаѓач, Криштов Пјонтек.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани