Најдобриот голман во Серија А пред трансфер во Јувентус

by Стефан
1 минути читање

Според информациите на италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио екипата на Јувентус е многу блиску до ангажман на голманот на Монца, Микеле Ди Грегорио.

Ди Грегорио имаше одлична сезона во Серија А и доказ за тоа изборот за најдобар на својата позиција. Јувентус во изминатите два дена бил во контакт со претставниците на Григорио и Монца и се очекува наскоро се да биде договорено.

Најавите се дека голманот ќе пристигне во Торино за сума од 20 милиони евра. Како главен човек во целата операција се наведува Кристијан Џунтоли, спортскиот директор на „старата дама“.

Со пристигнувањето на Ди Грегорио може да се очекува заминување на Војчех Шчесни во текот на летото, додека како втор голман би останал Матија Перин.

Во кариерата Ди Грегорио го бранеше голот уште на Ренете, Новара и Проденоне. Во младинските категории беше дел и од Интер, но во Милано никогаш не доби вистинска шанса.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани