Најголемиот италијански баксуз: Пак се повреди и нема да игра на уште едно ЕП

by 24 фудбал
1 минути читање

Николо Заниоло вторпат во низа нема да заигра за Италија на Европското првенство. Младиот офанзивец е веројатно еден од најголемите баксузи во својата земја, бидејќи пак го снајде слична судбина како пред три години.

Оваа сезона за Астон Вила тој одигра 38 натпревари, меѓутоа недоволно рехабилитиран играше против Ливерпул. Унаи Емери мораше да го замени по само 14 минути игра во дербито, откако се повреди.

Одново Николо Заниоло нема да е опција, овојпат за селекторот Лучијано Спалети. Италија ќе игра во групата Б на Европскиот шампионат со Шпанија, Хрватска и Албанија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани