Навивачите на Аталанта му подарија флаша вино на нивниот поранешен миленик (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Eкипата на Аталанта сезоната во Серија А ја заврши со победа против Торино, иако поголем дел од Италија посакуваше екипата на Бергамо да не победи во последните два натпревари за Серија А да има наредната сезона шест екипи во Лигата на шампионите.

По натпреварот со Торино на трибините беше забележана и една интересна сцена во која навивачите му подарија флаша вино на својот поранешен играч Дуван Запата.

Запата дресот на Аталанта го носеше од 2020 до 2023 година и во тој период постигна 40 гола на 107 натпревари пред да направи трансфер во Торино.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани