Мота одредил кои тројца фудбалери сигурно нема да го напуштат Јувентус

by Стефан
1 минути читање

Tијаго Мота наскоро се очекува да ја започне својата епизода во Јувентус и ќе го води овој тим од следната сезона, а веќе разговарал со управата околу некои замисли за тимот.

Според информациите на италијанските медиуми, Мота одредил тројца фудбалери кои не треба да бидат продадени и тоа се: Камбијасо, Јилдиз и Фаџоли.

Овие тројца според мислењето на Мота се многу важни за Јувентус кој тој го замислува и веќе во наредната сезона ќе се обиде да ја нападне шампионската титула во Италија.

И понатаму неизвесна е ситуацијата со Адриен Рабио на кого договорот му истекува на крајот од оваа сезона. Рабио своевремено беше соиграч со Мота во ПСЖ и тоа е една од причините поради кои размислува за останување.

Од споменатите тројца, Камбијасо неодамна потпиша договор до 2029 година, Јилдиз се очекува тоа да го направи, додека Фаџоли неодамна се врати во тимот по аферата со обложување.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани