Младинците на Македонија ЃП го освоија Купот на Македонија (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров со 2-0 го добија денешното финале во младинскиот фудбалски Куп против Пелистер и го кренаа престижниот трофеј.

Мрежите мируваа во првото полувреме, а самиот почеток на вториот дел го донесе првиот гол. Во 47. минута Македонија Ѓорче Петров поведе со 1-0, со гол на Алтин Алији.

Конечните 2-0 ги постави Никола Величковски со гол во 83. минута од натпреварот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани