Мирослав Клосе седна на клупата на поранешниот германски првак

by 24 фудбал
1 минути читање

Мирослав Клосе има нов клуб каде што ќе продолжи да го развива тренерскиот занает.

Германската легенда од следната сезона ќе ја води екипата на Нирнберг која се натпреварува во Бундеслига 2. Клубот од Цвајте во минатото беше чест член на Бундеслигата, а има и трофеи во елитниот ранг пред лигата да биде ребрендирана.

Во својата тренерска кариера Клосе работеше само во Алтах од Австрија. Во минатото беше помошник во Баерн Минхен и водеше младински екипи.

Доколку успее да исполни мал дел од успесите како играч, Клосе би имал респектабилна тренерска кариера.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани