Милер стигна до јубилеј со кој само уште двајца фудбалери може да се пофалат!

by riste
1 минути читање

Томас Милер е пример за лојалност, а тоа го потврдуваат и бројките кои ги има легендарниот играч на Баерн Минхен.

Вчерашниот меч против Реал Мадрид за Милер беше 150. во Лигата на шампионите за Баерн Минхен.

Тој е само третиот играч во Лигата на шампионите кој успеал да одигра толку натпревари за само еден клуб.

Другите двајца на кои им успеало тоа се Чави (151 за Барселона) и Касиљас (150 за Реал Мадрид).

Веќе на гостувањето во Мадрид, Милер може да го помине Касиљас и да се изедначи со Чави. А ако Баерн Минхен се пласира во финалето, тој оваа сезона може да стане играчот со најмногу мечеви во ЛШ за еден клуб.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани