Милан пред искушение: Леао може да стане трет најскап фудбалер во историјата!

by Стефан
1 минути читање

Како што летниот преоден рок е се поблиску така има и се повеќе шпекулации околу можните трансфери.

Сега се појави информација дека ѕвездата на Милан, Рафаел Леао би можел кариерата да ја продолжи во саудискиот Ал Хилал.

Ал Хилал според најавите има намера да ја плати оштетата за Леао која изнесува 175 милиони евра, кога во прашање е понудата за личните услови на Португалецот засега не се откриваат детали.

Но, она што е познато е дека ако овој трансфер се реализира, тогаш тој ќе биде третиот најголем во историјата по оној на Нејмар во ПСЖ за 222 милиони евра и Мбапе за 180 милиони евра.

Во редовите на Ал-Хилал во овој момент настапуваат Митровиќ, Нејмар, Рубен Невеш, Милинковиќ-Савиќ, а во изминатата сезона успеаа да ја освојат титулата во првенството.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани