Милан до Болоња: Ќе ја платиме откупната клаузула за Зиркзе!

by riste
1 минути читање

Милан е решен да ја купи ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, росонерите се подготвени да платат 40 милиони евра за да го добијат, колку што изнесува неговата откупна клаузула.

Милан веќе е во преговори со Зиркзе, се разговара за сите детали од личните услови.

Преговорите се во напредна фаза, па Милан ја информирал Болоња дека се подготвени да ја активираат откупната клаузула од 40 милиони евра.

И покрај тоа што за Зиркзе се интересираат и клубови од Англија, пред се Арсенал, наводно тој е среќен да остане во Италија и да продолжи да игра во Серија А.

Офанзивниот фудбалер е подготвен да прифати да игра за Милан. Се верува дека трансферот ќе се реализира.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани