Милан во тишината на „Сан Сиро“ го одигра најубедливиот меч сезонава (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Милан запишаа убедлива победа во рамките на 36. коло на Серија А со 5-1 против Каљари и со тоа ставија крај на кризата. По повеќе од еден месец „росонерите“ дојдоа до триумф и тоа на каков начин, со најубедливата партија оваа сезона. Никому Милан сезонава не успеа да му даде пет гола претходно, освен на денешниот ривал.

Ова е симптоматично, бидејќи натпреварот одново се одигра во тишината на „Сан Сиро“. Најверните навивачи на Милан го продолжија својот протест кон челниците и испратија нова опомена, добро да се бира нов тренер и да се доведат квалитетни засилувања.

Околу средбата, домаќинот на полувреме водеше минимално со погодокот на Исмаел Бенасер. Интересно е дека резерви беа најдобрите играчи, Рафаел Леао, Тео Ернандез и Фикајо Томори. Во продолжението Пиоли им даде шанса, Леао веднаш погоди пречка, а потоа со мајсторска контра му асистира на Кристијан Пулишиќ. Следеше гол за надеж на Каљари преку Нандез, но на тоа одговори Тијани Реиндерс со ефектен погодок од преку 25 метри.

Во завршницата Милан ја потврди победата со уште два гола, меѓу стрелците се запиша и Леао, а конечниот резултат го постави Пулишиќ со својот втор гол.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани