Меси постигна мајсторски гол, но не му помогна на Интер Мајами да избегне пораз (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Лионел Меси со гол се врати во стартниот тим на Интер Мајами откако претходно не настапи против Ванкувер.

Сепак, ниту неговиот одличен настап и голот кој го постигна не му помогна на тимот од Флорида да ја продолжи серијата од десет натпревари без пораз. Интер важеше за фаворит против Атланта, меѓутоа Меси и соиграчите не успеаа да ја оправдаат фаворитската улога и беа поразени на свој терен со 1:3.

Единствениот гол на натпреварот за Интер Мајами беше дело на Меси кој со одличен и превизен удар од околу 20-тина метри ја погоди мрежата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани