49
Фудбалерите на Реал Мадрид денеска од 18:30 часот ќе играат против Леганес и со победа имаат можност да се доближат до Барселона која вчера не ја победи Селта.
Шпанските медиуми пред овој натпревар пренесуваат дека Анчелоти одлучил да го одмори Винисиус Жуниор по долгиот пат од Јужна Америка за време на репрезентативната пауза.
Од друга страна Мбапе го пропушти и овој собир, па е одморен да го даде својот максимум. Отсуството на Винисиус значи и дека тој би играл на неговата омилена позиција како лево крило, додека Џуд Белингем веројатно ќе ја добие улогата на „лажна деветка“.
Родриго исто така е надвор од тимот поради повреда, па се очекува Мбапе и Белингем да бидат главните во нападот.