Мајката на Мбапе го потврди потписот? Доби прашање каде ќе игра нејзиниот син и даде интересн одговор

by 24 фудбал
1 минути читање

Килиан Мбапе го доработе својот договор со Пари Сен Жермен, односно треба да го доработи до 30 јуни, но нема повеќе ангажмани со натпервари.

Веќе некое време е познато дека тој бесплатно си заминува од ПСЖ, а јавна тајна е дека ќе ја продолжи кариерата во Реал Мадрид. Овој потпис практично го потврди неговата мајка која доби прашање каде Килиан ќе продолжи. Ламари одговори: „Мислам дека веќе го знаете тоа“, многу веројатно алудирајќи на Реал.

Во моментов нема други реални опции за Мбапе, бидејќи и тој сака во Мадрид, а и Реал го посакува како решение за иднината. Веќе неколку години трае оваа трансфер сага, но сега е најблизу до реализација.

Инаку, Мбапе пристигна во ПСЖ од редовите на Монако за 180 милиони евра во 2018 година. Оттогаш за парижани одигра 307 натпревари, даде 256 гола и запиша 108 асистенции, оставајќи сериозен белег во клупската историја.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани