Мартинез спремен да „војува“ со Астон Вила: Треба и тие да ме разберат мене…

by Стефан
1 минути читање

Aргентинскиот голман Емилијано Мартинез најави дека ќе влезе во „војна“ со неговиот клуб ако не му биде дозволено да настапи за Аргентина на Олимписките игри.

Мартинез доби повик од аргентинскиот селектор и сака да биде во тимот. Сепак, Астон Вила не сака да ризивкува повреда на еден од своите најважни фудбалери непосредно пред почетокот на сезоната.

„Репрезентацијата за мене секогаш е на прво место. Сакам да играм за својата земја на Олимписките игри. За такви моменти сонува секој фудбалер, кога имам можност не гледам зошто да не ми се оствари. Не би сакал да влегувам во расправија со Астон Вила, сите во клубот ми се како семејство, но и тие треба да ме разберат мене“, изјави Мартинез.

Пред настапот на Олимписките игри, Мартинез ќе биде дел од Копа Америка.

„Копа Америка е најважна во моментов, Олимписките игри доаѓаат потоа. Ова лето е богато со настани и се надевам дека ќе играм на двете натпреварувања“, порача голманот.

Кога во прашање се Олимписките игри ФИФА не им наложува на клубовите да ги ослободат своите играчи, па клубовите сами одлучуваат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани