42
Досегашниот дел од кариерата на Рис Џејмс го одбележуваат честите повреди кои ги има, во последно време не може глава да крене од нив.
Штотуку се врати на теренот повторно се повреди и ќе биде во аут најмалку до крајот на годината. Ваквата серија на повреди тешко е и психолошки да се издржи.
„Тоа е нешто со кое тој треба да се бори. Ако имате секогаш повреди на иста нога или ист мускул, може да бидете исплашени“, вели Мареска.
„Тоа е нормално, но во исто време ова е неговата професија и може да се повредите. Се надеваме дека брзо ќе најдеме решение“.