Тренерот на Челси, Енцо Мареска вели дека атмосферата во тимот не е хаотична како што замислуваат сите поради големиот број на фудбалерите кои ги има клубот.
Челси има преку 40 фудбалери и уште се засилува. Лондонскиот клуб е предмет на исмејување на социјалните мрежи поради огромниот број на играчи кои ги има, но Мареска вели дека работи само со половината од нив.
„Не работам со 42 фудбалери. Работам со 21 играч. Останатите 15-20 фудбалери тренираат одвоено. Не ги гледам нив. Не е хаотично како што изгледа однадвор. Апсолутно не е“, вели Мареска.
„Тие можат да имаат и 20-годишни договори, тоа не е моја работа, не ме интересира“.
„Уште засилувања? Се може да се случи, може да дојдат нови играчи, некои да си одат…“.