Манчестер јунајтед решил: Три млади ѕвезди се недопирливи, сите останати можат да бидат продадени за соодветна сума

by bojan
1 минути читање
Манчестер јунајтед

Според пишувањата на Телеграф, Сер Џим Ратклиф и неговите соработници решиле дека Коби Мејну, Алехандро Гарначо и Расмус Хојлунд се недопирливи, сите останати можат да бидат продадени доколку пристигне примамлива понуда.

„Ѓаволите“ имаат лоша сезона, неуспехот да се обезбеди топ четири пласман и место во Лигата на шампиони значи помалку милиони во касата, па буџетот ќе треба да се полни со продажба на фудбалери.

Како што пренесува Телеграф, само три млади ѕвезди се недопирливи, Сер Џим Ратклиф и неговите соработници решиле дека тимот ќе се гради околу Коби Мејну, Алехандро Гарначо и Расмус Хојлунд.

Сите останати можат да бидат продадени, но само доколку пристигне примамлива понуда.

Ова важи и за Маркус Рашфорд, кој има посебен статус со оглед на тоа дека потекнува од школата на Манчестер јунајтед. Доколку некој клуб е понуден да одвои богатство, „ѓаволите“ ќе седнат и ќе разговараат со Англичанецот за трансфер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани