Женската фудбалска репрезентација на Македонија го имаше првиот собир во Скопје пред натпреварите против Молдавија во квалификациите за Европското првенство во 2025 година.
Селекторот Александар Андов ги свика своите избранички на првиот собир пред кратките подготовки за двата предизвици. За жал, предводникот на селекцијата нема да смета на искусната Гентијана Рочи која се повреди.
- Списокот на Македонија за натпреварите со Молдавија:
Голмани: Берна Кабакчи (Карсон У, САД), Викторија Панчурова (Тиверија), Кристина Павловска (Шкендија)
Одбрана: Ана Милчевска (Ланчк Ахути, Грузија), Елена Паневска (Камениса Саса), Павлинка Николовска (Љуботен), Христина Јошевска (Љуботен), Ихмете Лимани (Веинберг, Германија), Ане Бошевска (Тиверија), Кристина Мојсовска (Ас Јунајтед)
Среден ред: Радица Велкова (Камениса Саса), Наташа Андоова (Леванте, Шпанија), Ленче Андреевска (Хорозкентспор, Турција), Марија Нацева (Борусија Дортмунд, Германија), Симона Мајер (Макаби, Израел), Александра Марковска (Љуботен), Хава Мустафа (Шкендија), Едина Мехмеди (Цирих, Швајцарија)
Напад: Лора Сулејмани (ГПСО 92, Франција), Илза Максути (Ас Јунајтед), Афродита Салихи (Шкендија), Веса Села (Ас Јунајтед)
Првиот од двата натпревари против Молдавките се игра на 31 мај во Скопје, на тренинг центарот „Петар Милошевски“, додека реваншот е закажан за четврти јуни во Кишињев.