442
Во претходниот период останување во Милан или трансфер во Саудиска Арабија се најавуваа како две опции за Лука Јовиќ, но изгледа има и трета.
Руските медиуми пренесуваат дека српскиот напаѓач би можел да се пресели во редовите на шесткратниот шампион на оваа земја, Зенит.
„Чемпинат“ пишува Јовиќ на друштвените мрежи веќе почнал да го „следи“ Зенит и тоа би можело да биде сигнал за неговиот нареден чекор.
Во Зенит Јовиќ би се сретнал и со добро познато лице, Страхиња Ераковиќ со кого ја дели соблекувалната во националниот тим.
Сезонава за Милан, Јовиќ постигна девет голови на 28 натпревари иако најголем дел од натпреварите ги започна како резерва.