250
Реномираниот италијански новинар, Џанлука Ди Марцио тврди дека Милан работи на ангажман на Ромелу Лукаку.
Лукаку настапуваше во Милано, но во дресот на Интер, а сега би можел да ги брани боите на градскиот ривал на „нероаѕурите“.
Информациите на Ди Марцио се дека преговорите веќе започнале и во Челси се расположени да заработат од белгискиот голгетерт. Наскоро се најавува и средба на која двете страни би зборувале за личните услови.
Се поврзуваше Лукаку и со Наполи, меѓутоа изгледа Милан е поконкретен.