49
Наполи се врати на победите во италијанската Серија А, добивајќи го дербито против Рома на „Диего Армандо Марадона“ со 1-0.
Овој натпревар беше деби на кам-бекот на Клаудио Раниери на клупата на „волчицата“, ама со сигурност нема да го памети по добро бидејќи неговиот тим беше инфериорен. Не беше ниту Наполи којзнае колку добар, ама си ја искористи шансата и ги освои бодовите.
По прво полувреме за заборав во кое домашните имаа посед на топката 75-25%, човек на одлука беше Ромелу Лукаку. Во 54. минута белгискиот напаѓач доби сервирана топка од капитенот Ди Лоренцо и погоди за 1-0, резултат кој се испостави како конечен.
Наполи пак е лидер во Серија А со 29 бода, додека Рома има само 13 и е дванаесетта.