Лукаку е прескап за Рома, но ќе остане во Серија А?

by Стефан
1 минути читање

Белгискиот фудбалер Ромелу Лукаку нема да остане на Олимпико, меѓутоа најверојатно ќе остане во Серија А.

Ако Рома сака да го задржи Лукаку ќе треба да плати износ од 38 милиони евра, а тоа е премногу за она што го покажа Лукаку во Рим и „волчицата“ на поинаков начин ќе ја решава ситуацијата во нападот.

Меѓутоа, Лукаку може да остане во италијанскиот фудбал затоа што интерес за него покажал Наполи.

Наполи зад себе има сезона за заборав во италијанскиот фудбал и летово ќе има промени. На клупата дојде Антонио Конте и токму негова желба бил ангажман на белгискиот напаѓач. Наполи ќе има пари за засилувања бидејќи се очекува да замине Виктор Осимен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани