Луис Енрике: Ќе се засилиме на сите позиции, секој ќе има конкуренција во тимот!

by riste
1 минути читање

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике најави нови засилувања и рече дека за следната сезона сака да има по двајца топ играчи за секоја позиција, па местата на сите ќе бидат загрозени.

Пред ПСЖ следува период без Килијан Мбапе, нова ера за францускиот клуб. Енрике најави засилувања на секоја позиција.

„Можам да потврдам дека ќе купиме нови фудбалери на секоја позиција за следната сезона“, вели Енрике.

„Тоа е исто порака до фудбалерите кои веќе се во составот, дури и за најдобрите играчи: следната сезона сакам да имам двајца важни фудбалери на секоја позиција. Ќе биде тешко да се игра за ПСЖ“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани