89
Рубен Аморим започна со работа во Манчестер Јунајтед, но новите сопственици сега се одлучија на еден потег кој сигурно ќе го разочара португалскиот стратег.
Аморим пристигна на местото на Ерик Тен Хаг и веќе се пишуваше за фудбалерите кои се негова желба да ги доведе.
Сепак, новинарот Фабрицио Романо открива дека Аморим ќе треба да работи со многу помал буџет од она што на располагање го имаше Тен Хаг.
Ваквата одлука на клубот е со цел да се извлече максималниот потенцијал на фудбалерите кои се веќе во тимот.