Ливерпул слави во дербито со шест гола против Тотнем (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Ливерпул запишаа триумф над Тотнем со 4-2 (2-0), во рамките 36. коло на англиската Премиер лига. Избраниците на Јирген Клоп дојдоа до победа и му нанесоа удар на ривалот во трката за место во Лигата на шампионите.

„Црвените“ тргнаа одлично во натпреварот, со четири гола во гостинската мрежа. Резултатот го отвори Мохамед Салах во 16. минута, а пред полувремето на 2-0 зголеми Ендру Робертсон. На стартот на продолжението Коди Гакпо и Харви Елиот погодија за убедливо водство на Ливерпул.

За поинтересна завршница се погрижија Ричарлисон и Хјонг Мин Сон кои постигнаа два гола за Тотнем, за колку-толку да ја вратат резултатската неизвесност. До крајот на мечот немаше резултатски промени.

Ливерпул на табелата е сигурен на третото место со 78 бода, додека Тотнем има 60 на петтото место, седум помалку од Астон Вила.

Головите од натпреварот можете да ги погледнете на ОВОЈ линк.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани