Ливерпул се засилува со белгиски репрезентативец?

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Ливерпул наводно е заинтересирана за фудбалерот на ПСВ Ајндховен и белгиски репрезентативец, Јохан Бакајоко.

Бакајоко во ПСВ пристигна во 2019 година од редовите на Андерлехт, а за првиот тим на холандскиот клуб дебитираше три години подоцна. Белгиецот игра на позицијата десно крило и сезонава одигра 46 натпревари во сите натпреварувања и постигна 14 голови

Сезонава со ПСВ успеа и да триумфира во холандскиот шампионат. Наводно ПСВ е спремен да го продаде за сума од 50 милиони евра и тоа не би требало да биде проблем за Ливерпул.

Бакајоко ги помина сите младински селекции на Белгија и за првиот тим на оваа земја одигра десет натпревари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани