205
Екипата на Ливерпул е во потрага по дефанзивен играч за врска, а првата мета за оваа позиција е Мартин Зубиаменди од Реал Сосиедад.
Фудбалерот кој има 25 години и целата своја кариера ја помина во баскискиот клуб има откупна клазула од 60 милиони евра.
Зубиаменди е играч кој најдобро игра со десната нога, а главните карактеристики му се одлична физичка способност, дуел игра, одлична атиципација, долги топки…
Токму тоа се работи кои му недостасуваат на Ливерпул и Арне Слот верува дека тој е вистинското решение.
Во досегашниот дел од преодниот рок, Ливерпул беше прилично тивок, но изгледа дека до крајот на преодниот рок ќе биде возбудливо на „Енфилд“.