Ливерпул го купи за 60 милиони и го најавуваа како „новиот Џерард“, а сега е избран за најлош играч во Бундеслигата!

by 24 фудбал
1 минути читање

Неверојатна е фудбалската приказна на Наби Кеита за кој трансферот од соништата во Ливерпул значеше сериозен пад во кариерата.

Гвинеецот блесна во клубовите на Ред Бул. Прво Салцбург го откупи од француски Истр за милион и половина во 2014 година, а потоа за речиси 30 две години подоцна се пресели во Лајпциг. Во редовите на германскиот клуб Кеита блесна и беше еден од најбараните фудбалери. За него тогаш загриза Ливерпул кој го откупи за сума од 60 милиони евра.

Кога доаѓаше во Англија фудбалерот за врска од Гвинеја беше најавуван како „новиот Џерард“, ја зеде неговата осмица и сите очекуваа многу од него. Сепак, во пет сезони одигра 129 натпревар, даде 11 гола и подели 7 асистенции.

Откако минатото лето бесплатно се пресели во Вердер Бремен, во Германија не одигра практично ништо. Наби Кеита запиша пет настапи за Вердер, но одигра само 106 минути. Поради тоа беше избран за најлош фудбалер во Бундеслигата…

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани