Леонардо Бонучи става крај на кариерата?

by Стефан
1 минути читање

Познатиот италијански фудбалер Леонардо Бонучи (37) ја разгледува можноста да стави крај на играчката кариера, пренесуваат медиумите на Апенините.

Членот на Фенербахче во Истанбул пристигна минатата зима од германскиот Унион Берлин, а во дресот на турскиот гигант собра 12 настапи со прилично ограничена минутажа, посебно во домашнот шампионат.

Од второто заминување од Јувентус во септември минатата година стана јасно дека Бонучи повеќе не е највиисоко играчко ниво, проблеми му правеа и повредите, па ваквите најави и не се преголемо изненадување.

Во текот на професионалната кариера, Бонучи настапуваше за Интер, Тревисо, Пиза, Џенова и Бари за во 2010 година да го засили Јувентус каде што ги помина најдобрите денови и создаде фантастичен тандем во одбраната со Џорџо Киелини.

Седум години по доаѓањето во Торино, Бонучи направи трансфер во Милан и по само една сезона се врати во

Јувентус каде што се задржа уште пет сезони. Дресот на репрезентацијата на Италија го носеше на 121 натпревар и постигна осум голови, успеа да стане и Европски шампион со „Аѕурите“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани