Леонардо Бонучи со емотивно видео објави крај на кариерата (ВИДЕО)

by Стефан
2 минути читање

Човекот кој долги години ги бранеше боите на Јувентус и прерасна во еден од најдобрите италијански дефанзивци на сите времиња, Леонардо Бонучи објави дека ја завршува кариерата.

Бонучи со Италија беше европски шампион во 2021 година, а сега одлучи да каже „збогум“ на фудбалот.

Долги години Бонучи беше столб нас одбраната на Италија и Јувентус, кариерата ја завршува како играч на Фенербахче. Ќе остане запаметен како еден од ретките фудбалери кои настапувал за Интер, Јувентус и Милан. Иако, во Интер беше на почетокот од кариерата и никогаш не доби шанса во првиот тим.

Кариерата Бонучи ја започна во Витербезе и уште како дете премина во Интер, потоа помина две сезони на позајмици во Тревисо и Пиза. Следуваше трансфер во Џенова каде што исто така немаше важна улога за од Бари да започне неговиот успешен пат. По само една година во овој клуб, Јувенус го доведе во 2010 година и во Торино стана еден од најдобрите на својата позиција.

Во дресот на Јувентус во првиот „мандат“ помина седум години играше две финалиња во Лигата на шампиони и освои се што може да се освои во Италија. Но, на изненадување на многумина направи трансфер во Милан од каде што по само една сезона се врати во Јувентус и се задржа уште пет години. Актуелната сезона ја започна како играч на Унион Берлин, па се пресели во Фенербахче.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани