543
Бразилската легенда Марсело наспроти очекувањата дека ќе замине во пензија, веројатно се враќа во Европа.
Бекот кој неодамна се раздели со Флуминенсе по расправија со тренерот се очекуваше да потпише со друг бразилски клуб или пак да заигра во некое послабо првенство за крај. Сепак, 36-годишникот е пред враќање на „стариот континент“.
Според најавите од Шпанија, Марсело се договорил со Леганес, екипа која е 15. и многу веројатно ќе се бори за опстанок во лигата.
Во кариерата Марсело настапуваше за Флуминенсе, Реал Мадрид и Олимпијакос, а ако потпише со Леганес тоа ќе му биде четврти клуб.