1,4K
Се поблиску е зимскиот преоден рок кој е шанса за фудбалерите кои не ја добиваат посакуваната минутажа да направат промена.
Еден од тие фудбалери е и Арда Ѓулер. Турскиот фудбалер пристигна со големи очекувања во Реал Мадрид, имаше и солидни настапи на Европското првенство, но кај Анчелоти не добива премногу простор за игра.
Според последните информации на германскиот инсајдер, Флоријан Плетенберг, Ѓулер кариерата би можел да ја продолжи во Германија.
Интерес за неговите услуги покажал актуелниот шампион во Бундеслигата, Баер Леверкузен. Сезонава, Ѓулер одигра 17 натпревари за Реал Мадрид во сите натпреварувања постигна еден гол и запиша една асистенција.