204
Роберт Левандовски е задоволен од офанзивната филозофија на новиот тренер, Ханси Флик и очекува добра сезона.
Левандовски ги даде двата гола за Барселона во пријателскиот меч против Милан, па беше интересен за шпанските медиуми.
„Многу сум среќен и задоволен што работам со Ханси Флик повторно. Верувам дека ќе имаме одлична сезона и ќе ја завршиме држејќи трофеј во рацете“, вели Левандовски.
„Не треба да запираме да напаѓаме откако ќе поведеме со 1-0, туку да продолжиме да бараме уште. Бидејќи тоа е во крвта на овој клуб. И Ханси се вклопува во тоа со неговиот офанзивен пристап“.