Крај на една ера: Специјалистот за големи натпреварувања нема да брани на Копа Америка!

by Стефан
1 минути читање

Легендарниот мексикански голман, Гиљермо Очоа кој низ кариерата стана најмногу познат по блескавите настапи на Мундијалите нема да биде во комбинација за настап за Мексико за претсојната Копа Америка, одлучи селекторот на оваа репрезентација Хемес Лозано.

Информациите се дека одлуката била донесена по разговор помеѓу Очоа, селекторот и стручниот штаб. Во репрезентацијата сметаат дека Очоа во овој период е фокусиран на преговорите и пронаоѓање на својот нов тим, па не е толку со „главата“ на теренот.

Исто така се наведува дека неговото отсуство би го намалило притисокот врз тимот, а повеќе простор би добил младиот Луис Анхел Малагон. Покрај Очоа се очекува на спсиокот да нема и уште некои искусни играчи како Хесус Гаљардо и Ирвинг Лозано.

Очоа во овој момент е член на Салернитана која веќе испадна од Серија А, па така тој е во потрага по нов клуб. Најавите се дека би можел да продолжи во МЛС лигата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани