75
Стратегот на Наполи, Антонио Конте го изрази своето незадоволство по натпреварот на неговиот тим против Интер кој заврши без победник 1:1.
Конте зборуваше досудениот пенал за Интер во 72. минута кога главниот арбитар по контактот на Ангисе и Дамфрис покажа на белата точка.
Тренерот на Наполи очекувал да има реакција од ВАР собата, но тоа на крајот не ссе случи.
„Навистина иритира кога ќе ви кажат дека ВАР не може да интервенира за непостоечки пенал. Ако има грешка, ВАР е тука да интервенира. Во прашање е очигледна грешка или пак очигледна е само кога им одговара на судиите во ВАР собата? Не сакам да ширам некакви мислења, но ваквите ситуации оставаат простор за теории на заговор“, изјави Конте.