Кога ќе кажат дека во Јужна Америка се најлуди – верувајте им: Навивач висеше од кров на стадион славејќи титула! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Клуб Америка стана нов првак на Мексико, откако во реванш дуелот од финалната серија славеше со 1-0 против Круз Азул со голот на Хенри Мартин. Првиот натпревар на гостински терен заврши со нерешени 1-1, па така Клуб Америка прослави титула.

Кога се вели дека навивачите во Јужна Америка се најлуди на светот, веројатно треба и да се верува на таа фраза. Аргумент плус во таа кауза е потегот на еден расположен фан на Клуб Америка, кој за време на прославата на титулата висеше од кровот на славната „Азтека“.

Club America fan celebrates his team’s league title from the roof of the Estadio Azteca
byu/Delmer9713 insoccer

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани