Клоп: Тоа што ни го прават е злосторство!

by Стефан
1 минути читање

Стратегот на Ливерпул, Јирген Клоп на конференцијата за медиумите одново како и во неколку случаи претходно го критикуваше густиот распоред во Премиер лигата.

Клоп кој на крајот на сезоната заминува, застана во одбрана на своите играчи и истакна дека чека во креирањето на распоредот да се вмеша и агенција за човекови права.

„Распоредот е апсолутно луд. Не е нормално Ливерпул да игра натпревар во сабота од 12:30 часот. Никогаш веќе нема да ја гледам телевизијата „ТНТ“ (телевизијата која ги пренесува натпреварите). Мораме да играме во четврток, па недела и во среда, па во сабота во 12:30. Тоа што ни го прават е злосторство“, изјави Клоп.

Ливерпул е еден од клубовите со голем број навивачи ширум светот и поради тоа игра во посебни термини и мора да се прилагодува на телевизиските права. Во последниот период тимот на Клоп доживеа неколку неуспеси кои ги одалечија од борбата за титулата со Манчестер Сити.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани