Клоп има опција да се врати во Дортмунд, но во нова улога

by 24 фудбал
1 минути читање

Јирген Клоп по долгиот престој во Ливерпул, заминува по крајот на актуелната сезона. Германскиот стратег најави дека планира барем едногодишна пауза од фудбалот, пред воопшто да размислува за враќање на некоја позиција.

Угледниот „Индепендент“ откри неверојатна информација, која го поврзува Клоп со враќање во Борусија Дортмунд. Човекот кој донесе две последователни титули за „милионерите“ во 2011 и 2012, а го поведе и тимот до финалето на Лигата на шампионите би можел да добие нова улога во клубот. Тоа би било така пред сè поради одличната работа на актуелниот стратег Един Терзиќ, меѓутоа и желбите на Клоп.

Имено, Клоп размислува да се врати во Борусија Дортмунд, меѓутоа на оперативна позиција. Тој би можел да стане нов спортски директор и да го наследи Себастијан Кел, кому договорот му истекува по крајот на сезоната. Сепак, клубот од „Сигнал Идуна Парк“ би морал и да го убеди Клоп да се врати на фудбалот порано од планираното.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани