323
Хари Кејн поради повреда нема да настапи на денешниот последен натпревар од сезоната против Хофенхајм, но јасно е дека ќе заврши на првото место на листата на стрелци.
Англичанецот ќе ја заврши сезоната со 36 голови, а тоа е рекорд, најмногу постигнати од играч кој е дебитант во сезоната.
Хари Кејн е и 22. играч на Баерн Минхен кој ќе заврши како прв стрелец во една сезона во најдобрата германска лига.
На второто место на листата на стрелци е напаѓачот на Шттугарт, Гираси со 26 голови, Опенда од Лајпциг има 24.