245
Џуд Белингем со гол во 95. минута ја спаси Англија од елиминација, во продолжението Кејн даде гол за победа од 2-1 и пласман во четвртфиналето.
Белингем беше прогласен за играч на мечот, а по крајот доби и големи пофалби од Кејн.
„Белингем е најдобриот фудбалер во историјата на нашата земја. Каков играч е тој, работи толку напорно. Таму е кога е најважно, а тоа го направи денес. Во вакви натпреварувања треба да се најде начин да се победи. Овој тим знае како да ‘копа длабоко’. Можевме да одиграме подобро, но на крајот на денот резултатот е најважен. Се надевам дека ќе продолжиме вака“, изјави Кејн.