Капело: Што има освоено Де Зерби за да биде сметан за топ тренер?

by riste
1 минути читање

Легендарниот италијански тренер, Фабио Капело смета дека Де Зерби уште не докажал дека е врвен во својата работа, а го бие добар глас само благодарение на пофалбите кои ги добива од Гвардиола.

Де Зерби постојано се поврзува со најголемите клубови, го ставаат рамо до рамо со најдобрите тренери, но Капело не се сложува со тоа.

„Многу се зборува за Де Зерби како еден од најдобрите тренери бидејќи Гвардиола го спонзорира, но оваа година тој е 10. или 11. на табелата“, вели Капело.

„Што освоил во кариерата? Само еден куп во Украина“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани