Калчолигаш го посакува Гатузо, а тој дециден: Мојата иднина е во Хајдук!

by 24 фудбал
1 минути читање

Италијанските медиуми објавија информации за интерес од страна на Торино за аквизиција на Џенаро Гатузо.

Тренерот кој во моментов го води Хајдук нагласи дека е среќен во Сплит и не размислува за заминување. На прес-конференцијата пред мечот со Горица тој доби прашање за интересот од Торино и децидно одговори.

Мојата иднина е во Хајдук. Со главата и мислите сум комплетно тука. Моментално размислувам само за натпреварот со Горица“, порача Италијанецот.

Торино размислува за тренерска смена, бидејќи тимот е во сериозна резултатска криза под водство на Паоло Ваноли. Во последните десет натпревари во сите натпреварувања Торино загуби осум пати.

Претходно се зборуваше за интерес и од страна на Глазгов Ренџерс за услугите на Гатузо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани